Германски мннистерства, институции и личности добиле во изминатите месеци над 100 имејли со закани вклучително предупредувања за бомбашки напади, од адреси што содржат нацистички изрази, објави Зидојче цајтунг и Норддојчер рундфунк.
Акаунтите се различни, но елекронските писма се со речиси ист тон и се потпишани од Националсоцијалистичка офанзива, Вермахт или НСУ02.
Еден таков имејл предизвика во почетокот на неделата евакуација и претрес на железничката станица во Лубек и на даночната служба во Гелзенкирхен. Електронските писма почнале да пристигнуваат од летото минатата година.
Во јануари оваа година испратени се неколку такви закани до регионални судови во Хамбург, Кил и Потсдам. Имејли со заканувачка содржина испраќани се и до политичари, адвокати, новинари, до Централниот совет на евреите во Германија, па дури и до пејачката Хелене Фишер.