Притвор за сопственикот и за раководителот на „Дурмо турс“

726

Мерка притвор за прво и второосомничените за несреќата кај Ласкарци, односно за Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо Турс” и раководителот вработен во неговата фирма, одреди судија на претходна постапка.

За третоосомничениот, кој е еден од одговорните лица во компанијата е изречена мерка куќен притвор. За другите осомничени се очекуваат одлуките во следните неколку часа.

Обвинителството бараше и притвор за возачот на црвениот автобус. Скопското обвинителство покрена истрага против седум лица како одговорни за катастрофалната несреќа во која загинаа 15 патници.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...