Шефот на државата Ѓорге Иванов купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син, јавува ТВ 24 . Во катастарската документација, до која дојде телевизијата, стои дека за двата стана постои преддоговор за купородажба, зашто зградата е се уште во градба.
Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на улицата Салвадор Аљенде. Вториот стан е во истата зграда, но најгоре, мансарда со површина од 91 метар квадратен.
Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зашто се уште не го исплатил и нема имотен лист.