Родителите на ученик од одсновното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел утрово известиле дека при брис е утврдено дека кај нивното дете и констатирана бактеријата МРСА, информира Телма.
Сомнителниот случај на заболено дете се проверува, а екипи на здравствениот инспекторат и центарот за јавно здравје се на терен за да ја утврдат состојбата изјавиле од ДЗСИ. Досега се потврдени вкупно 4 случаи на деца заболени од бактеријата МРСА, три во градинка во Чаир и едно во спомнатото основно училиште Панајот Гиновски.
Од Центарот за јавно здравје и од ДСЗИ апелираат до родителите да не прават непотребна паника бидејќи МРСА не е болест, тоа е бактерија која може да предизвика инфекција, а не смртоносна болест. Згора на се велат од таму, се знае каде се пријавуваат вакви работи, не на социјалните мрежи каде што се шири паника и се прави тензија.
– Апелираме да не се прави паника. Нема никаква опасност, ситуацијата е под контрола на терен и се испитуваат сите случаи. Во Центарот за јавно здравје нема нови пријавени случаи – велат од таму.