Заев го присушувале под псевдонимот „Зо За“

1234

Псевдонимот под кој се водел Зоран Заев при нелегалното прислушување бил „Зо За”,  откри во текот на денешното сведочење во Кривичниот суд  Зоран Костовски во случајот Таргет-Тврдина додека тој појаснуваше како изгледа лог за одреден таргет во еден од фајловите на хард-диск на кој се наоѓаат материјали од нелегалното прислушување.

Презентацијата на доказот во текот на сведочењето го бараа обвинителите од СЈО со цел да стане појасно и да се визуелизира дел од тоа што го сведочеше Костовски.

Одбраната на обвинетите приговараше на барањето на СЈО сега да се презентира доказ потенцирајќи дека сведокот треба да сведочи по сеќавање, а не да чита.

Исто така, приговараше и бидејќи овој хард диск бил дел од доказите против Костовски во случајот „Пуч“ каде тој беше обвинет.

Костовски е еден од свиркачите од МВР кои ги изнесоа бомбите и го открија прислушувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...