Австриската министерка за надворешни работи Кнајсл во Македонија

208

Сојузниот министер за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Карин Кнајсл, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија, при што ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

„На средбата ќе се разговара за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, економските потенцијали за соработка и нивното натамошно продлабочување“, соопшти МНР.

Воедно, посочуваат оттаму, разговорите ќе се фокусираат на европската интеграција на Република Македонија и приоритетите на австриското претседателство со Европската унија во втората половина од 2018 година, а во светло на Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година.

Во рамките на посетата, министерката Кнајсл ќе оствари средба и со премиерот Зоран Заев, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...