Манекенка добива смртни закани поради споените веѓи ФОТО

Моделот Софија, која емигрирала од Кипар во Англија, а потоа во Америка, на Инстаграм има повеќе од 300.000 следбеници.

250

Манекенката Софија Хаџипантали (22) секојдневно добива смртни закани на социјалните мрежи и тоа поради своите веѓи кои неверојатно потсетуваат на изгледот на познатата сликарка Фрида Кало.

Софија, која емигрирала од Кипар во Англија, а потоа во Америка, на Инстаграм има повеќе од 300.000 следбеници, а рекла дека, за среќа има поддршка од нејзиното момче, на кое нејзините веѓи му се допаѓаат.

Иако се главен дел на нејзиниот изглед, природната русокоса открила дека сосема случајно во 2014 година ги обоила веѓите и веднаш ѝ се допаднал впечатливиот изглед. Но, тоа ѝ прави и проблем.

– Добивам многу смртни закани, неверојатно, но вистинито. Не ми е смешно. Инаку, има многу негативни реакции. Нема да ве лажам дека сите позитивно реагираат зашто тоа не е вистина. Повеќето се негативни. Одвратно е, но постојат луѓе кои некој ги убедил дека е неприфатливо да се изгледа како мене, а тоа толку ги разбеснува што се закануваат дека ќе ме убијат – рекла манекенката во утринската програма на британската Би-би-си, што ги шокирало двете водителки, како и популарниот водител Пирс Морган.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...