Најскапиот фудбалер во историјата Нејмар може да добие жесток удар од УЕФА и да добие солидна казна за своето однесување по натпреварот на неговиот ПСЖ со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите минатата недела.
По завршувањето на битката, Бразилецот влегол во тунелот на „Парк де Пренс“ и почнал да ги напаѓа вербално судијата и другите официјални лица. Причината беше неговото незадоволство од досудениот пенал во продолжението на натпреварот, поради кој Парижаните беа елиминирани од турнирот.
Според голем број на европски медиуми, јужноамериканецот може да изгори за три натпревари, откако Дисциплинската комисија на УЕФА започна истрага против него. Тој ќе треба да одговара и поради своите зборови во социјалните мрежи по натпреварот, што дури може да ја зголеми неговата санкција. Поверојатно е, сепак, за вториот прекршок да плати парична казна.
Убавата вест за Нејмар е дека евентуалната негова санкција ќе стапи на сила во следното издание на Лигата на шампионите, а во принцип Пари Сен Жермен со леснотија ја надминува групната фаза. Проблемот, сепак, доаѓа во елиминациите.
ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA