Полицијата приведе шест лица во врска со автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, јави Алсат.
Алсат, неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на „Дурмо Турс“.
Јавното обвинителство денеска во 10,30 часот ќе одржи прес-конференција.
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI