Турција е дом на околу 4,7 милиони странци од 192 држави, посочуваат податоци на турската служба за миграција.
– Не само Сиријци живеат во Турција, меѓу нас имаме 4,7 милиони странци. Тие придонесуваат за културата на Турција и создаваат додадена вредност – изјави Ѓокче Ок, заменик шеф на службата за миграција во МНР на Турција.
Според него, најмногу од странците се во областа Анадолија.
Ајдин Кескин Кадаоглу, шеф на прес центарот на службата за миграција вели дека Турција секогаш ќе прифаќа жртви на угнетување независно од нивниот јазик, религија или етнос.
Во Турција денес има над 3,6 милиони регистрирани Сиријци со привремен статус за заштита.
ФОТО: EPA / SEDAT SUNA