Ограбени над 500 продавници во венецуелски град при хаваријата со електроснабдувањето

72
ФОТО: EPA / CRISTIAN HERNANDEZ

Над 500 продавници се ограбени во венецуелскиот град Маракаибо за време на големата хаварија со електроснабдувањето, објави Зружението на трговци. Тие побараа од властите да бидат преземени итни мерки за заштита.

Националниот совет за трговија и услуги, изрази жалење поради „безаконието од група луѓе кои користејќи на кризата со електроснабдувањето, уништиле продавници во главниот трговски центар во Маракаибо и уште други 500 продавници“.

Во главниот град Каракас исто така беа ограбени голем број продавници, но неспоредливо помал во однос на Маракаибо. Од вторникот електроснабдувањето постепено се подобрува во Каракас и повеќето региони, но се уште нема струја во западните делови од државата.

ФОТО: EPA / CRISTIAN HERNANDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...