Во близина на зградата во Загреб во која се сместени редакциите на Н1 телевизија, Нет.хр и Телеграм пронајдена е уште една заканувачка порака за новинарите, идентична на претходната најдена во неделата.
Полициската управа во Загреб претходно соопшти дека во близина на истата зграда, во неделата беше напишан графит „Смрт за новинарите“. Графитот е отстранет наредниот ден.
Според Н1, новата порака е најдена на ограда, неколку метри од редакцијата.
Заканувачките пораки се појавија откако хрватските новинари на почетокот на март протестираа против бројни тужби и пресуди за непријатност.
Исто така, како што наведува Н1, новинарската на „Јутарњи лист“ Гордана Гргас доживеала непријатност возејќи се со такси, кога возачот и рекол дека на сите кои пишуваат против Хрватска треба да им се стави „куршум во чело“.
Откако случајот е пријавен во полиција, таксистот е приведен и остана без работа.
ФОТО: МИА