Полицијата приведе 50-годишен скопјанец, откако неговата ќерка пријавила дека во повеќе наврати тој ја силувал и физички ја малтретирал.
– Во полициска станица денеска 13-годишно девојче од Скопје пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоставувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50). Е.Ф. е приведен и задржан во полициска станица. За настанот е известен Јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Девојчето е згрижено и заштитено. Од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива – велат од МВР.