Заев: Силјановска не го почитува Уставот, имаме нов Устав и готово

841

Премиерот Зоран Заев вели дека власта ќе направи сѐ претседателските избори да бидат кристално чисти и демократски, затоа што, како што потенцира нивниот кандидат е огромен фаворит и сакаат тој да победи на едни такви избори.

Фаворитската улога, како што рече во емисијата „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, произлегува од тоа што  Стево Пендаровски многу добро котира и кај Македонците, но и кај Албанците, Турците, Бошњаците и останатите етнички заедници во земјава, но, и поради тоа што зад неговата кандидатура застанала 31 политичка партија.

– Како фаворити, наша цел, желба и задача е да победиме на кристално чисти избори и да нема тронка сомневање. Треба да имаме претседател кој ќе биде претседател на сите граѓани без разлика дали гласале за него или биле против и без разлика на етничката припадност – рече премиерот Заев.

Одговарајќи на прашањето дали главната битка меѓу кандидатите ќе се води по прашање на поддршката на Преспанскиот договор и промената на името, тој рече дека тоа е едно од прашањата кое ќе влијае на одлуката, бидејќи кандидатката која е поддршана од СДСМ професорката Гордана Силјановска Давкова и Пендаровски имаат сосемма различни ставови.

Тој рече дека  Силјановска Давкова не го почитува Уставот и оти тоа не е во ред од нејзина страна.

– Ние имаме нов Устав. Уставот е највисок правен акт што мора да го почитуваме да му се поклониме и готово. Тоа е тоа. Имало многу одлуки што ги носела државата, некому тие му се допаѓале многу, некому не, но тие треба да се почитуваат – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...