Шефот на Барселона: Се подготвуваме за живот без Меси

312

Претседателот на Барселона – Хосеп Мариа Бартомеу признава дека во редовите на каталонскиот гигант веќе се подготвуваат за живот без својата жива легенда – Лионел Меси.

– Ние не можеме вечно да сметаме на Лео. Знам дека еден ден тој ќе престане да игра. Очекувам тоа да биде за 4-5 години и сакам да го подготвам клубот за иднината по Меси – вели тој.

– Начинот да се подготвуваме за периодот по Меси, е ангажирње млади таленти – Дембеле, Кутињо… Треба да продолжиме да ја следиме таа линија на совршенство и успеси.

– Мојот мандат завршува по две години и сакам Барселона да е подготвена за иднината, за да има уште повеќе навивачи, уште повеќе приходи и уште повеќе проекти – додаде шефот на Барселона.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...