Себастијан Фетел денеска изјави дека Ферари „се обиде да сврти страница” по домминацијата на Мерцедес во 2018 година и нивниот нов болид „се чувствува добро” пред отворањето на сезоната со трката за Големата награда на Австралија.
Германскиот четирикратен светски шампион зборуваше во Мелбурн за новата сезона .
– Целиот тим се обидува да ја сврти страницата – изјави Фетел за илјадниците навивачи кои се појавија за да ги видат своите формула-1-херои во градот.
– Тимот е на вистинскиот пат и автомобилот се чувствува добро – рече тој за неговиот Ферари, кој беше најбрз во предсезонските тестирања и е фаворит кај букмејкерите пред трката в недела.