Македонецот Борче Ристевски го призна убиството на својата сопруга Карен во Австралија, пренесуваат тамошните медиуми.
Четириесет и седумгодишната Карен исчезнала од домот во јуни 2016 година. Осум месеци подоцна, нејзиното тело било пронајдено во грмушки.
Педесет и четиригодишниот Ристевски тогаш ѝ кажал на полицијата дека неговата сопруга отишла да се прошета и да ги разбистри мислите, по расправија за пари.
Наводно, по убиството, тој го зел нејзиниот мерцедес – бенц и откако го исклучил сигналот од мобилните телефони, го фрлил нејзиното тело во грмушки.
Врховниот суд на Австралија треба да ја потврди пресудата за Ристевски.
ФОТО: ABC News