ОН: Дури четвртина од предвремените смртни случаи во светот поради загадувањето и уништената животна средина

Смртоносните емисии на штетни гасови, хемикалиите кои ја загадуваат водата за пиење и забрзаното уништување на екосистемите, кои се од клучно значење за живот на милијарди луѓе, се главни за епидемијата ширум светот што ја попречува глобалната економија, се предупредува во извештајот

59

Една четвртина од сите предвремени смртни случаи и болести ширум светот се поради  загадувањето и уништувањето на животната средина, објавија Обединетите нации во денеска објавениот извештај.

Смртоносните емисии на штетни гасови, хемикалиите кои ја загадуваат водата за пиење и забрзаното уништување на екосистемите, кои се од клучно значење за живот на милијарди луѓе, се главни за епидемијата ширум светот што ја попречува глобалната економија, се предупредува во извештајот

The Global Environment Outlook (GEO) – извештај правен шест години, во кој учествуваа 250 научници од 70 земји, прикажува растечки јаз меѓу богатите и сиромашните земји, како што неконтролираната преголема потрошувачка, загадувањето и отпадот од храна во развиениот свет доведува до глад, сиромаштија и болести на друго место.

Поради недостиг на пристап до чиста вода за пиење, секоја година годишно умираат 1,4 милиони луѓе од болести кои можеле да се превенираат, како што се дијареа и паразити.

Во извештајот се посочува и дека загадувањето на воздухот предизвикува 6-7 милиони предвремени смртни случаи годишно.

Емисиите штетни гасови продолжуваат да се зголемуваат во услови на суша, поплави и супер-бури кои се влошуваат со зголемување на нивото на морето.

Постои зголемен политички консензус дека климатските промени претставуваат ризик за милијарди во иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...