Уште минатиот месец, Кариус го одвел случајот во ФИФА, а пред десет дена истекол крајниот рок, определен од голманот на клубот, за да му биде исплатено тоашто му се должи.
Престојот на Кариус во Турција стана вистински кошмар откако навивачите и тренерот Шенол Ѓунеш се свртеа против него. Тренерот го критикуваше јавно за своите грешки против Коњаспор и рече дека Кариус се уште е стартер, само затоа што ветеранот Толга Зелгин во моментов не е достапен. За време на викендот, фановите на Бешикташ го исвиркуваа Кариус.
Веројатно, ФИФА ќе наметне многу сериозна казна на турскиот клуб за неисплатените надоместоци на Кариус.