Жбогар: Ме воодушеви „Медена земја“ и неверојатната Атиџе

654

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на Твитер изрази воодушевување од документарецот „Медена земја“, годинешниот победник на „Санденс“.

„Бев воодушевен од победникот на „Санденс“, македонскиот документарец „Медена земја“. Тоа е суров, но нежен филм, каде што тишината зборува стотина зборови, со порака за меѓузависноста на човекот и природата, со силната и неверојатна жена Атиџе. Честитки до Тамара и Љубомир“, пишува Жбогар.

„Медена земја“ е документарен филм за последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа. Во него е прикажана припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.

Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев. Музиката во филмот е на „Фолтин“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...