Талентот на Манчестер Сити, Фил Фоден, кој има само 18 години, синоќа стана најмладиот Англичанец со гол во Шампионската лига, но неговиот соиграч Рахим Стирлинг, не остана импресиониран од ова достигнување.
Младиот фудбалер влезе во игра за „граѓаните“ во 63-тата минута и постигна погодок при победата на тимот со 7:0 над Шалке 04.
По тој повод тој самиот се пофали по натпреварот во „Твитер“, споделувајќи публикација, поврзана со постигнувањето: „Вредеше да заборавам да ја напишам домашната поради ноќ како оваа!“, беше шеговитиот коментар на Фоден.
Дваесет и четири-годишниот Стирлинг сепак побрза да му одговори во ист тон: „Утре си на училиште, легни си, дете“, додавајќи и икона со бакнеж кон својот пост.