Еден месец од трагедијата кај Ласкарци, петмина сѐ уште во болница

200
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI

Петмина повредени во автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13. февруари, сѐ уште се во болница – еден од нив и натаму е во шок соба, а друг е на интензивна нега.

– Во моментов во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани двајца  пациенти од сообраќајната несреќа кај Ласкарци, од кои еден пациент е во шок-соба, во подобрена состојба и се рехабилитира, додека другиот пациент е сместен на хируршко одделение и се наоѓа во стабилна општа состојба – изјавија од Министерството за здравство.

Во Клиничкиот центар, една пациентка е сместена на КАРИЛ (Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување), а двајца пациенти се на Клиниката за неврохирургија, од кои еден е на одделението за интензивна нега.

Причината за несреќата која пред еден месец однесе 15 животи, а 39 лица беа повредени, сѐ уште се утврдува.

Како што Плусинфо објави пред два дена, вештачењата од Машинскиот факултет во Скопје за техничката исправност на автобусот кој излета од патот кај Ласкарци, како и тие на Електротехничкиот факултет за тоа дали бил исправен технографот, се пристигнати во скопското обвинителство. Се очекуваат и сообраќајно-техничките вештачења од Бирото за судски вештачења.

Инаку, осигурителната компанија треба да им исплати оштетни побарувања во висина од околу 800.000 евра на семејствата на настраданите во несреќата и на повредените  патници.

Фото: EPA/GEORGI LICOVSK

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...