За прв пат по 11 години, Јапонија не поднесе резолуција во ОН против Северна Кореја за непочитување човекови права

189

За првпат 11 години Јапонија одлучи да не поднесува  во ОН заедничка резолуција, за осуда на кршењето човекови права во Северна Кореја, имајќи ги предвид американските напори за запирање на севернокорејската нуклеарна програма и други фактори.

Јапонија и Европската унија поднесуваат во ОН документ за осуда на состојбата со човековите права во Северна Кореја, од 2008 година досега. Северна Кореја постојано ги отфрла обвинувањата за кршење на човековите права.

– Донесовме решение поради многу фактори истовремено, вклучувајќи резултати од самитот меѓу САД и Северна Кореја и ситуацијата со прашањето за киднапираните Јапонци – рече главниот секретар на кабинетот Јошихиде Суга на прес-конференција.

Пјонгјанг призна во 2002 година дека во 70-80-те години киднапирале 13 Јапонци кои сакале да го обучат за шпиони, и петмина од нив се вратиле во Јапонија. Токио смета дека можно е да биле киднапирани уште стотици Јапонци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...