Мадуро објави победа во „електричната војна“ предизвикана спoред него, од Пентагон

639
ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави победа синоќа во „електричната војна” предизвикана спроед него, од Пентагон. Тој додаде дека формирал „претседателска истражна комисија” за да побара помош од Русија, Кина и Иран.

– Објавувам победа во електричната војна – рече Мадуро на министерскиот состанок пренесуван во живо на државната телевизија.

Снабдувањето со струја е речиси целосно обновено во Каракас и во повеќето држави, според владата, но не и во провинциите.

Од почетокот на кризата, Мадуро ги обвини САД и опозицијата дека извршиле „кибер-напад” против главната централа.

– Имаме докази дека кибер нападот е управуван од Хјустон и Чикаго во САД по наредба од Пентагон – рече Мадуро.

– Ќе побарам помош од ОН, Кина, Русија, Иран и Куба – земји со големо искуство во спречување кибер-напади.  Ние ќе откриеме каков беше нападот, кој го сторил тоа и за каква цел – додаде Мадуро.

ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...