Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е пренесен во истражниот затвор во Шутка откако Основното јавно обвинителство побара притвор поради добиени сознанија дека подготвувал бегство.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе предлог за определување мерка притвор за Митко Чавков согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.
– По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението.
Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата.
Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот со Решение му определи мерка – притвор во траење од 30 дена. Чавков вечерва е приведен и однесен во затворот во Шутка