Пронајдени 43 мигранти во товарно возило кај клучката „Прдејци“

163
Foto: MVR

На автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци“, вчера во 14 часот полициски службеници запреле товарно возило „ивеко деили“ и при преглед пронашле 43 мигранти.

Како што денеска соопшти МВР товарното возило било управувано од Ш.Е.(21) од Косово, а сопственост на А.Ќ.(28) од скопското село Арачиново.

– При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан. Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“, а возачот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...