Роналдо: „Серија А“ е најтешкото првенство

285

Кристијано Роналдо ја оквалификува италијанската Серија А како најтешко првенство во светот. Португалецот во моментов ги брани боите на шампионот Јувентус, а пред тоа беше во  Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

И покрај богатото искуство и стотиците постигнати голови, Роналдо смета дека многу тешко се постигнува гол во Италија.

– Задоволен сум што играм во Италија и во таква конкурентна лига. Досега се е многу добро. Се чувствувам добро. Мислам дека првенството ми одговара и можам да кажам дека ова е тежок шампионат. Сметам дека ова е најтешката лига за напаѓачите. Не очекував Серија А да биде толку квалитетна – рече Кристијано Роналдо.

Роналдо (34) постигна 21 гол откако пристигна во Јувентус минатото лето

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...