Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за Петнаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, со Нацрт-платформа за настап на македонската делегација, соопшти Владата.
– Петнаесеттиот состанок на Советот за СА ќе се одржи на 19 март 2019 година во Брисел, а со оглед на ротирачкото претседателство со Советот за СА, со годинешниот состанок е предвидено да претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, а копретседавач од страната на ЕУ ќе биде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини – стои во соопштението.
Во делегацијата на Северна Македонија учество ќе земе и вицепремиерот Бујар Османи, а од страна на делегацијата на Европската Унија на овој состанок ќе учествува и Комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан.