Запрена истрагата против поранешни функционери

413

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопсежна истрага, донесе наредба за запирање на истражната постапка против осум македонски државјани, од кои двајца директори на банка, поранешен градоначалник на Битола и поранешен министер за животна средина.

„Лицата беа осомничени дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со 3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, а четворица од нив беа осомничени и за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик. Воедно, надлежниот обвинител врз основа на член 288 ст.1 од Законот за кривична постапка донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против две правни лица осомничени за Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.12 во врска со ст.1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...