Басистот на хрватскиот бенд „Прљаво казалиште“, Дубравко Ворих, утрово почина од рак на 59-годишна возраст во болницата во Загреб. Тој беше еден од најбараните хрватски басисти, а со „Прљаво казалиште“ свиреше повеќе десетици години.
„Замина голем пријател. Јас сум шокиран“, рече Младен Бодалец (60).
Лекарите на 59-годишниот музичар минатата пролет му дијагностицирале карцином, но тој не сакал да си замине од групата, па продолжил да свири на турнејата во САД и на големиот концерт кој групата летово го имаше во Загреб.