Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на новинарско прашање дали е точно дека ДУИ во текот на преговорите инсистирале да се смени целиот тим од СЈО, на чело со Катица Јанева, истакна дека тоа е лажна вест и оти никогаш ДУИ го немала покренато тоа прашање, ниту пак, употребата на бомбите во постапките.
– Апсолутно тоа не било барање на ДУИ, ниту би го оспориле доколку би се вратило како решение. Тоа што ние разговаме во поглед на законот за обивнителство e како ќе се регулира прашањето на правичната застапеност – рече Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по промоцијата на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
Османи истакна дека ДУИ ќе продолжат со поддршка да се обезбеди мнозинство и да се усвои новиот закон за јавно обвинителство, во кое е инкорпорирано СЈО, бидејќи, подвлече, ќе биде важна одредница за проценка на успешноста на реформската агенда.