Спасовски го претстави Националниот центар за сузбивање организиран криминал

102

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го промовира и направи евалуација на досегашното функционирање на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

На промоцијата беше и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Центарот има улога на мост за информации и податоци што ги поседуваат и прибираат институциите, за да можат да бидат на побрз начин достапни за потребите на сите други инволвирани институции.

Центарот, подвлече Спасовски, почна и со поддршка на меѓународна размена на информации во делот на меѓународна полициска соработка, што е значаен сегмент во сузбивањео на организираниот и транснационалниот криминал.

– ОТА и другите служби кои се за следење на комунаиции не се дел од Националниот координативен центар – појасни Спасовски на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Османи.

Тој додаде дека со операционализација на овој центар е остварен еден од приоритетите утврден во планот 3/6/9/, а неговата работа преку изготвувањето на квартални анализи на работа се следи и во планот 18.

Информирајќи дека Координативниот центар е формиран со владина одлука во 2014 година, но се до септември 2017 година немало никакви активности за негова операционализација, министерот Спасовски потенцира дека со преземањето повеќе мерки и активности, согласно Акциониот план, а во кој се вклучени МВР, Царинската управа, Управата за финансиска полиција и за финансиско разузнавање, УЈП и Јавното обвинителство, обезбедени се просторни, административни и материјално-технички услови, со што центарот станува оперативен.

– Партиципираат претставнции на сите посочени институции, кои согласно овластувањата имаат достапност до базите на податоци. Спроведени се и основни обуки на упатените лица за зајакнување на нивните компетенции во делот на разузнавачката нализа – изјави Спасовски.

Осврнувајќи се на минатогодишната препорака од јуни од Советот на ЕУ да се продолжи со реформите и да се испорачаат резултати во делот на правосудството, безбедносните служби, јавната администрација и борбата против оргнаизирнаиот криминал и корупција, вицепремиерот Османи посочи дека денешната промоција на Координатиовниот центар ги зафаќа двете поглавја во делот на безбедносите служби и во делот  на организираниот криминал и корупција.

– Не смееме сега да се опуштиме, туку да го искористиме секој ден за да не оставиме простор и најмал аргумент некој да го злоупотреби и да ни ја уништи историската шанса и стратешката определба на граѓаните – порача Османи и додаде дека Координативниот центар е уште еден дополнителен аргумент зошто Република Северна Македонија заслужува оваа година да ги почне предоговрите со ЕУ.

Според него, на средбата на министри од ЕУ и земјите кандидати што се одржа во Букурешт, нашата држава била ѕвездата на регионот и на Европа, не само во поглед на исполнување на политичките критериуми, туку и во делот на испораката на реформите.

– Воспоставувањето на овој центар како платформа на координација на институциите е со цел давање резултати во пресрет и на 19-ти март кога ќе биде Советот за стабилизација и асоцијација, кој ќе ни биде прв пресек за тоа каде сме и каде ќе одиме понатаму, меѓутоа и во пресрет на 28-мај кога ќе биде објавен Извештајот, и се разбира во пресрет на 19-ти јуни кога ја очекуваме одлуката за започнување на преговори со ЕУ – рече Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...