Творецот на Интернет: Многу сум загрижен поради ширењето гнасотии и дезинформации

148
ФОТО: EPA / PAUL MILLER

Творецот на Интернет, Тим Бернерс Ли предупреди денеска дека е потребна глобална акција за да се спречи интернет да се пренасочи во дисфункционална иднина.

Во интервју за Би-Би-Си, по повод одбележувањето 30 години откако го даде предлогот за вебот, Тим рече дека луѓето, по скандалот со Кембриџ Аналитика, која дојде до лични податоци на 87 милиони корисници на Фејсбук, сфатија дека нивните податоци можат да бидат „изманипулирани“.

Тој, сепак, смета дека проблемите, како злоупотреба на податоци, хакирање и дезинформации, можат да се решат.

Во отворено писмо, кое исто така денеска е објавено тој признава дека многумина се сомневале дека светската мрежа Интернет може да биде „моќ на доброто“.

– Многу сум загрижен поради ширењето гнасотии и дезинформации – рече Бернерс Ли.

Тој, сепак, мисли дека луѓето почнуваат подобро да го разбираат ризикот со кој се соочуваат како корисници на мрежата и дека изминатите години сфатил дека отворените мрежи мора да бидат заштитени.

Тим Бернерс Ли има план, а тоа е веб договор за работите да се вратат на вистинскиот пат. Но, како што пренесува Би-Би-Си, тоа зависи и од владите и корпорациите да го завршат својот дел од работата и корисниците на мрежата да ги притиснат да реагираат.

ФОТО: EPA / PAUL MILLER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...