Судијката Добрила Кацарска на обвинетиот Ѓоко Поповски на рочиште во предметот на СЈО „Триста“ му порача да не „фаќа врски“ за пресудата.
– Да ѝ пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели, зошто кај мене не може никој да ургира за пресуда – рече Кацарска.
Поранешниот министер за јавни набавки Поповски рече дека не е виновен и дека тоа ќе го докажат неговите бранители.