Со британска помош Охрид ќе заловува кучиња скитници

123

Во рамките на реализација на Планот и програмата за контрола на популацијата на бездомните кучиња, што ја донесе општина Охрид, вчера започнаа неколкудневните предавања и обуки кои ги држи Брајан Фокнер, претставник на Кралската асоцијација  за превентива на суровоста кон животните од Велика Британија.

Предавањата и показните вежби на кои присуствуваа претставници на локалната самоуправа, ЈП „Охридски комуналец“ кој ја имплементира програмата и претставници на невладиниот сектор, беа посветени на препознавање на карактеристиките на бездомните кучиња и техниките и методите на нивно заловување.

Во следните три дена се предвидува да има практична обука на терен, посета на прифатилиштето за бездомни кучиња и пренесување позитивни практики во неговото управување. Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, во четврток предвидено е со третооделенците од ОУ „Климент Охридски“ да се одржи  работилница чија чел е да се покаже како децата од рана возраст треба да бидат едуцирани за проблемот со бездомните кучиња и неговото решавање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...