Влада: Во моментов нема иницијатива за размена на споменици

946

Нема иницијатива за размена на скулптури, велат од Владата, по информациите кои ги објавија грчките медиуми дека грчката министерка за култура Мирсини Зорба предлага да се направи трампа: ние да им го дадеме „Воинот на коњ“, а тие нам познатата скулптура „Тркачот“.

– Преспанскиот договор е потпишан со цел да се унапреди соработката помеѓу двете земји, што ќе придонесе и во економски развој на регионот. Ние сме фокусирани во имплементацијата на Преспанскиот договор. Според договорот во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на Хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија – велат од Владата.

Грчката министерка за култура, во официјална изјава за новинска агенција АНА-МПА, демантираше дека постои таков предлог, но од друга страна авторот на „Тркачот“, Костас Вароцос тврди дека во разговор со неа била спомената таа идеја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...