20-годишно момче продавало кокаин

131

Кривична пријава е поднесена против 20-годишно момче од Скопје поради недозволена трговија со кокаин, откако вчера полициски службеници по претресот во неговиот дом ја пронашле дрогата, која ја набавувал од Косово.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Е.А.(20).

Тој е осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Полициски службеници  вчера врз основа на судска наредба извршиле претрес во домот на З.А.(52) во село Глажња во општина Липково, каде живее и неговиот син Е.А.

Во собата на момчето биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра.

По преземени мерки било утврдено дека пријавениот ја набавил дрогата од Косово.

Е.А. e лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...