Заев: Секое испиено кафе во Владата е на сметка на премиерот или на Анѓушев

Земјоделците што ги собира Љупчо Николовски секоја тура, секоја група, секоја дебата има кафе и вода. Тоа е на сметка на министерот, тој го потпишува тоа. Тоа е исто и со министерот за економија Крешник Бекташи, објасни премиерот.

1834

Добро е што пи-ар секторот во Владата објави кој колку потрошил за да бидеме на чисто и да видиме кои сметки од бифињата ги плаќаат министрите, рече премиерот Зоран Заев, прашан за коментар околу трошоците на министрите што беа објавени минатата недела.

– Не знам дали имате пиено кафе во Владата. Тоа е на сметка на Заев или на Анѓушев. Земјоделците што ги собира Љупчо Николовски секоја тура, секоја група, секоја дебата има кафе и вода. Тоа е на сметка на министерот, тој го потпишува тоа. Тоа е исто и со министерот за економија Крешник Бекташи. Тие се тие сметки. Убаво е пи-ар секторот кој ги објавува да ги каже деталите за да биде на чисто кои се тие сметки од бифињата што ги плаќаат министрите. Секое кафе дури и кога стига во канцеларијата на шеф на кабинет, кај мене, го потпишува одговорното лице во институцијата. Во Владата сум јас, во министерствата соодветно секој министер – одговори Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...