Алексис Санчез речиси сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на летото, бидејќи не влегува во плановите на Оле Гунар Солскјер за следната сезона, тврди „Сан“.
Норвешкиот стратег ќе ја добие функцијата за постојано и се очекува до неколку дена да го парафира својот постојан договор со тимот, а тој веќе размислува за селекцијата и непотребните играчи на тимот, за следната сезона.
Чилеанецот доби прилично доста шанси од својот тренер на „Олд Трафорд“, но не успеа да импресионира и дури да навести дека може да игра за тимот, како што правеше за Арсенал пред тоа.
Најверојатно ќе дојде до отстапување на Санчез, бидејќи тешко може да се најде клуб кој ќе му ја плаќа огромната плата која во моментов ја зема во англискиот гигант.
Тој во моментов лекува повреда и беше забележан во Барселона викендов за време на натпреварот меѓу Каталонците и Рајо Ваљекано.