Трет отказ за само неколку месеци: Меган Маркл остана уште без една асистентка ВИДЕО

Минатата година, Мелиса Туабти дала отказ поради постојаниот притисок и стрес кој го доживувала на работното место.

478
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Иако на деловен план е одлична, сепак војвотката Меган Маркл не е најдобра во односите со вработените во кралското семејство.

За помалку од една година, веќе неколку луѓе дале отказ од работното место во кралството, а изгледа дека ситуацијата не се смирува.

Личната асистентка Еми Пикерил, која работела со Меган Маркл една година, дала отказ, пренесува „Her“.

„Еми си заминува. Нејзините колеги се многу тажни, бидејќи таа е една од омилените членови на персоналот“, потврдил кралскиот извор.

Поранешната вработена го напушта имотот и оди во странство. Меѓутоа, најпрво ќе им помогне на Меган Маркл и принцот Хари да се сместат во новиот дом.

„Согласна е да остане и да им помогне кога ќе се роди детето и да им го организира домот, но потоа ќе продолжи понатаму – рекол пријател на Еми.

Пред Еми, отказ дала и Саманта Кохен, која работела за кралското семејство 17 години.

Минатата година, Мелиса Туабти дала отказ поради постојаниот притисок и стрес кој го доживувала на работното место.

– Нејзината работа беше многу стресна. Мораше да се носи со бројни задачи од војвотката поради што беше под голем стрес. Често и плачеше – признал пријател на Мелиса.

Исто така, телохранителката која ја придружувала на разни патувања и се грижела за нејзината сигурност шест месеци, дала отказ на почетокот на оваа година, а изгледа дека Меган го „избркала“ и Едвард Лен Фокс, кој му бил десна рака на Хари 15 години.

ФОТО: EPA/ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...