Венецуелскиот парламанет одобри прогласување национална состојба на тревога поради кризата со електроснабдуавњето поради што е парализирана државата веќе петти ден.
Парламентот отфрли аргумент на претседателот Николас Мадуро дека големата хаварија е американска саботажа и нагласија дека причина за тоа е лошото управување и недостиг од инвестиции.
Националното собрание ја повика армијата да помогне за мобилизирање на песоналот на енергетскиот гигант „Корпоелек“ и упати апел за меѓународна соработка за обнова на електроснабдувањето за време на 30-дневната состојба на тревога.
Парламентот, сепак нема овластувања да воведе вонредба состојба додека Мадуро е претседател.
Претседателот на Парламентот, Хуан Гуаидо повика за денеска попладне на големи протести.
Колапсот на енергетскиот систем се случи на 7 март поради хаварија. Националната компанија за електрична енергија соопшти дека колапсот бил резултат на пренасочување и оти „е епизода од енергетската војна против Венецуела“.
Владата во Каракас најави жалба до ОН поради „саботажа“ на електромрежата, за која властите на земјата го обвинуваат „американскиот империјализам“.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го обвини „американскиот империјализам“ за оваа саботажа, а Стејт департментот негираше каква било вмешаност.
ФОТО: EPA / RAYNER PENA