Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.
На претходното рочоште на 26 февруари одбраната изнесуваше докази. Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој е меѓу обвинетите за предметот за уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“, читаше вештачења од документацијата за предметот, како и судски пресуди, кои ги зема како докази.
Денеска, пак, треба да биде сослушан сведокот Роска Паческа, во својство на технички советник од областа на геодезијата. Паческа има изготвено мислење со забелешки за целата документација од предметот.
Во доказната постапка, ќе биде повикан и архитектот Мирослав Грчев, за кого одбраната бара да биде испитан.
Судијата Огнен Ставрев посочи дека по следните три рочишта очекува одбраната и обвинителството да почнат со подготовка на завршните зборови, наведувајќи дека смета оти треба поскоро да биде донесена пресудата. Следните рочиште за ТНТ ги закажа за 18 и 22 март.
За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.