Брегзит претрпе измени

268
ФОТО: EPA / VINCENT KESSLER / POOL

Британската премиерка Тереза Меј во разговор со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер успеа да обезбеди „правно обврзувачки“ промени во нејзиниот договор за Брегзит, во последниот обид да добие поддршка од британските пратеници кои се заканија дека повторно ќе го отфрлат договорот.

Правно обврзувачкиот договор всушност е додаток на претходно постигнатиот договор меѓу Меј и ЕУ минатата година и предвидува заштитен механизам со кој се гарантира дека границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска ќе остане отворена и по излезот на Британија од ЕУ.

Кабинетот на Тереза Меј соопшти дека е договорен заеднички инструмент за појаснување на договорот за Брегзит.

Јункер порача дека Британија мора да ја напушти ЕУ до европските избори што ќе се одржат од 23 до 26 мај, или во спротивно ќе мора да избира свои пратеници за Европскиот парламент.

– Повлекувањето на Обединетото Кралство треба да биде целосно завршено пред европските избори кои се одржуваат меѓу 23 и 26 мај годинава. Ако земјата не ја напушти ЕУ до тогаш, законски од неa ќе се бара да ги одржи овие избори – рече Јункер.

Тој додаде дека сега британскиот Парламент треба да направи клучен избор со тоа што ќе го одобри или одбие договорот за излез на Британија од ЕУ.

– Изборот е јасен: тоа е овој договор или Брегзит можеби воопшто нема да се случи – напиша Јункер на Твитер.

ФОТО: EPA / VINCENT KESSLER / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...