Оливер Спасовски останува на чело на МВР

493

По целодневна расправа помеѓу власта и опозицијата, не помина интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Собранието со 59 гласа „против“, 20  „За“ и без воздржани гласаше Спасовски и натаму да раководи со МВР. Барањето за интерпелација отвори жестока дебата во Парламентот.

Во интерпелацијата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од Спасовски за несовесното, нестручното и селективното работење. Според нив, непрофесионалното работење на МВР довело до скандали, корупција, a како што посочија, граѓаните биле жртви на грабежи, обиди за убиства, рекетирања и насилства.

Опозицијата го обвини Спасовски за незаконски тендери за возила во МВР, за непотизам, за селективно апсење на членови на ВМРО-ДПМНЕ и на неистомисленици.

Според власта, Спасовски е професионалец, кој посветено ги исполнува своите обврски како министер за внатрешни работи.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...