Зидан: Тука сум бидејќи претседателот Флорентино ми се јави

252

Зинедин Зидан вечерва по третпат беше презентиран во Реал Мадрид. Еднаш како фудбалер, двапати како тренер, пренесува ТопСпорт.мк

Французинот се враќа во клубот со кој освои три титули од Лигата на шампионите во низа по само 284 дена во кои Реал смени двајца тренери – Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари. Клучен човек повторно е претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој вели дека најдобриот се вратил во „Лос бланкос“.

– Твојата страст за Мадрид се врати за да ја обедини твојата судбина со овој клуб. Ја преземаш одговорноста во посебно тежок момент, но го сакаш овој грб и затоа си тука. Ја покажа својата лојалност кога ти понудивме враќање пред пет дена. За нас, најдобриот тренер се врати во Реал Мадрид – изјави Перез.

Самиот Зидан вели дека се враќа поради Перез.

– Среќен сум што се вратив, но не бев далеку, бидејќи живеам во Мадрид и среќен сум да работам за овој клуб и тим. Си заминав бидејќи ми требаше одмор. Клубот мора да се промени. Се вратив бидејќи претседателот ме повика и сакам да направам промени, кои се неизбежни. Но, сега не е време да се зборува за тоа -имаме 11 натпревари до крајот на сезоната и сакам да завршиме добро – изјави Зидан.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...