Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев смета дека шефот на државата Ѓорге Иванов постапува согласно законите кога решил да не ги потпишува законите на кои стои Република Северна Македонија. Тој ова го изјави во вечерашното гостување на телевизија Телма.
– Иванов со постапките кои ги презема ги претставува граѓаните на Република Македонија. Тој беше избран за претеседател на Република Македонија. Претседателот се заколнал пред Уставот на Република Македонија. Иванов одбра да не ги потпишува законите, повелете гласајте ги втор пат да видиме дали претседателот ќе ги потпише. Она што го прави Иванов е согласно законите и Уставот -рече Ѓорчев.