Димитров – Елкин: Обврска е да го чуваме споменот на Холокаустот и да се бориме против обидите за негово негирање

67

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за Ерусалим и за заштита на животната средина на Државата Израел, Зеев Елкин, кој престојува во Република Северна Македонија по повод одбележувањето на 76 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, соопшти МНР.

Димитров и во оваа прилика го потенцираше значењето што  Република Северна Македонија го придава на културата на сеќавање и изучување на Холокаустот, укажувајќи дека наша обврска е да го чуваме споменот на Холокаустот и да се бориме против обидите за негово негирање и релативизирање, како и против антисемитизмот и сите останати облици на расизам и нетолеранција.

Министерот Елкин истакна дека Израел високо ги вреднува придонесот и активностите на Република Северна Македонија во чувањето на споменот и изучувањето на Холокаустот и изрази задоволство што има можност и лично да се увери во посветеноста на нашата земја на овој план.

Министрите Димитров и Елкин изразија задоволство од развојот на пријателските односи меѓу двете земји, при што ја нагласија неопходноста од натамошен фокус врз економијата, туризмот и соработката во доменот на високите технологии.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...