Вардар ќе ја брани шампионската титула во СЕХА на „Фанл фор“ во Брест

110

Завршниот турнир од регионалната СЕХА-лигата оваа сезона ќе се одржи во Брест на 2, 3 и 4 април, објавија денеска од раководството на ракометно натпреварување.

Градот, од каде што доаѓа тимот на Мешков, по втор пат ќе биде домаќин на завршницата на турнирот, а заедно со белорускиот тим, за трофејот ќе се борат и актуелниот шампион РК Вардар, ППД Загреб и Нексе.

Полуфиналните двојки ќе бидат познати по завршувањето на натпреварите од последното коло.

Минатиот „Фајнл фор“ во регионалната игра го организираше Скопје, каде Вардар по четврди пат беше шампион во СЕХА-лигата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...