Скопјанец бегајќи од автобус тешко повредил контролор во ЈСП

899

Скопјанец на возраст од 32-години повредил контролор во ЈСП по кого го турнал обидувајќи се да избегне контрола на билет.

Контролорот, според пријавата во полиција, се здобил со тешка повреда и му била укажана лекарска помош во градската болница „8-ми Септември“.

Скопјанецот кој сакал да избега, бил повикан на разговор во полициската станица во Карпош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...