Хрватската полиција соопшти дека во Загреб се приведени 57 навивачи на црногорскиот кошаркарски клуб Будуќност поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот со Цедевита во АБА лигата.
Припадници на навивачката група „Варвари“ на плоштадот „Бан Јелачиќ“ кршеле шишиња и жердињери, а воедно скандирале: „Ова е Србија!“.
Цедевита го совлада Будуќност со 82:75 и во Подгорица ќе се игра мајсторка за пласман во финалето.